Игри на табла
Cartagena

Оваа едноставна но интересна игра е реиздание кое го има за тема, легендарното бегство на пиратите од озлогласениот затвор-тврдина Картагена, кое се случило на Карибите во XVII век.

Повеќе...
 
The Witches

Уште една игра направена според делата на Тери Пречет, а во продукција на Martin Wallace (познат по многу наслови). Вештерките (The Witches), е сместена во популарниот Discworld, во волшебната земја Lancre, каде што младите вештерки се обучуваат во нивниот "занает", помагајќи им на жителите во секојдневните проблеми, со својата магија.

Повеќе...
 
Scotland Yard

Scotland Yard е во потрага по Mister X. Дали ќе успеат да го фатат во Лондонската магла? Дали детективите ќе го пронајдат на време? Ако работат заедно, тие имаат шанса...

Повеќе...
 
Lords of Waterdeep

Сместена во популарниот Forgotten Realms свет, од Dungeons & Dragons франшизата, oваа игра се занимава со случувањата во градот Waterdeep - Градот на Чудата, управуван од моќни лордови.

Повеќе...
 
Augustus

Август или во оригинал Augustus, е игра во која играчите како староримски великодостојници, се обидуваат да напредуваат, со исполнување на цели, претставени преку плочки. Целите се исполнуваат со поставување на фигури... Играчите ги носат клучните одлуки, околу тоа кон кои цели се стремат.

Повеќе...
 
Marrakech

Големиот пазар за килими во градот Маракеш, е локацијата на дејствието на оваа брза игра. Играчите се во улога на итри трговци кои тука ја нудат својата стока (килими).

Повеќе...
 
Nieuw Amsterdam

Нов Амстердам, е всушност името на првата доселеничка населба на место на денешен Њу Јорк, по точно на местото на денешен Менхетен. Тоа е времето на колонизацијата на Северна Америка, кога холандската колонијална Западно-индиска Компанија, се труди да ги привлече првите доселеници во новиот свет, создавајќи нов вид на феудален систем кој ветува лордовски титули, посед и други привилегии за оние кои ќе одлучат да се населат на новите простори.

Повеќе...
 
Winds of Plunder

Играва е сместена во времињата кога на Карибите единствено нешто од кое може да се плаши еден пират, се само другите пирати. Во улога сте на еден таков пират, кој со својот брод сее страв наоколу.

Повеќе...
 
Magnifico

 

 

 

Европа од XVI век, време кога на сцена стапува генијалниот Леонардо Да Винчи со своите изуми и уметнички дела, кои ќе остават вечен белег во историјата на човековиот развој.

Повеќе...
 
Cargo Noir

 

 

 

Во типичен ноар сетинг, како во филмовите од 50-тите години, кои ги обработува истоимениот жанр, играчите се во улога на "фамилии" кои се занимаваат со шверцерски активности, низ светските пристаништа.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 Следно > Крај >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Анкета

Кој е твој клан во Таркир?
 
stefan spasovski